Кристијано Роналдо во едно интерјву ја покажа својата хумана страна. Тој откри дека имал тешко детство во родната Мадеира и оти неговиите родители понекогаш не можеле да си дозволат да му купат ниту еден оброк во денот.

Затоа тој сака да ги пронајде жените кои работеле во локалниот киоск во Мадеира и кои му помагале да не биде гладен.

Имав 12 години и бев пари.Живеев со други играчи на мои години. Ми беше тешко без фамилијата а често бев и гладен. Спроти стадионот имаше „Мекдоналдс„ и ни ги даваа хамбургерите што не се продале. Имаше жена која се викаше Една и уште две девојки. Никогаш повеќе не ги видов – раскажува фудбалерот.

Тој има желба да ги пронајде и да ги повика на вечера во Торино за да им се заблагодари.