Град од источна Европа за прв пат добил можност да организира Олимпски игри дури во осумдесеттите години од минстиот век.Тоа била Москва во 1980 години. За таа цел градот добил многу нови објекти и згради, голем дел од нив во социјалистички стил.

И за разлика од други градови каде објектите по завршувањето на игрите пропаѓаат со Москва тоа не беше случај.

Најкарактеритичен објкет е зградата во кружен облик во која биле сместени Олимпијците. Зградата е реновирана и сега е стамбен објект во кој има 1.000 станови.Жителите на Москва зградата ја викаат „Ѓеврек“.

Олимпискиот комплекс исто така работи под полна пареа. Во него сега настапуваат светски ѕвзди како Мадона, Пол Макартни и Лејди Гага а се одржуваат и многу други манифестации.

Олимпиското село денеска изгледа како вистинска зимска бајка во која живеат околу 15.000 луѓе. Во комплексот има велосипедски патеки и спортски терени и е посакувано место за престој.