Македонската фудбалска репрезентација имаше сигурен старт на квалификациите за Европското првенство. Рутински е совладана Летонија со 3-1 на арената Филип Втори. Се чини дека нашата репрезентација полека почнува да наликува на оние тимови кои без голем напор доаѓаат до победи.

Така беше и вечерва, Македонија играше течно,напаѓачки,но мора да се признае дека за тоа влијание има и слабата репрезентација на Летонија.

Најдобри поединци во нашата репрезентација беа славеникот Горан Пандев кој го одигра стотиот меч, како и фудбалерот на Лидс, Алиоски.

Следниот меч нашите го играат во недела против Словенија во Љубљана. Македонија има двојна шанса да се пласира на Европското првенство, преку овие квалификации но и преку Лигата на нации каде во полуфиналето се среќаваме со Косово.