„Господине Нејмар, продајте си го синот и Вила Мимоза“, пишуваше на транспарент упатен до таткото на бразилската ѕвезда. Имено, „Вила Мимоза“ е дел од Рио де Жанеиро кој е познат по простиутција.
Најскапиот играч во историјата е дочекан со свирежи и навреди по турбулентното лето во кое правеше сè само за да замине од ПСЖ назад во Барселона.
“Senhor Neymar, venda o seu filho na Vila Mimosa”
Para quem não conhece, a Vila Mimosa é uma área de ‘prostituição’ no Rio de Janeiro. pic.twitter.com/Q6gWluUXGD
— Futmais (@futtmais) September 14, 2019
ПСЖ беше домаќин на Стразбург во петото коло од Лигата 1, а натпреварот заврши со 1:0 со гол на Нејмар во 92 минута. Веќе очајните Парижани не можеа да најдат начин да ја пробијат одбраната на гостите, а потоа Диало убаво уфрли од левата страна до Бразилецот кој со „ножички“ заби гол за паметење од некои 11-12 метри.
Голот не го прослави посебно, делуваше помалку разочарано после сè.
Немам никаква порака за навивачите. Ги разбирам. Ако сакаат да ме свиркаат, слободно нека го прават тоа, но не мора да се фокусираат на мојот случај. Ние сме екипа, порача Нејмар.
А потоа додаде:
Ми се чини дека сега секој натпревар ќе ми биде гостување.
Comments are closed for this post.