Репрезентацијата на Франција го освои третото место на Светското кошарзкарско шпрвенство во Кина. Во борбата за бронзениот медал, „галските петли“ ја совладаа Австралија со резултат 67-59.

Француските кошаркари дојдоа до победата со одлична игра во второто полувреме кога успеаја целосно да ги свртат работите на теренот во своја полза. Чекор по чекор успеаја да ја анулираат предноста на Австралијанците, која во еден момент изнесуваше и 15 поени и во последнта четвртина да го преземат и водството.

Во тие нивни напори имаа голема помош и од деконцентрираноста на кошаркарите од Австралија, кои од вкупно 19 загубени топки, три ги направија во последните две минути од мечот. Тоа Французите знаеја да го казнат и искусно да го приведат мечот кон крај.

Најдобри кај Французите беа Нандо де Коло со 19 и Еван Фурние со 16 поени, додека во австралиските редовби, подобри од другите беа Џо Инглс со 17 и Пети Милс со 15 поени.