Македонскиот репрезентативец и поранешен член на Струга, Пелистер, Вардар и Металург – Наумче Мојсоски е позитивен на коронавирус.

Новиот директор на Агенцијата за Млади и спорт, се огласи на социјалните мрежи и ја потврди оваа информација.

Драги пријатели,

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19.

Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките.

Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.

Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Да празнуваме одговорно!

Драги пријатели,
Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се…

Posted by Naumce Mojsoski on Tuesday, December 22, 2020