Светскиот шампион во Карате, Енвер Идризи ја разбранува јавноста во регионот со провокативната политичка изјава дека сака да подигне споменик на Скендер Бег во „албанските градови“ Медвеѓа и Ниш.

Идризи е роден во Скопје а настапуваше за репрентацијата на Хрватска. Тој смета дека споменик на Скендербег треба да пости секаде каде што има Албанци.

Ако имаме споменик во Женева зошто да немаме и во албанските градови како Ниш и Медвеѓа. Јас би го финансирал тоа, треба да се сврти внимание на сите Албанци, Скендербег ги ослободил другите народи на Балканот-смета Идризи