Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не е задоволен од формата во која се наоѓа за време на завршниот АТП турнир во Торино. Шпанецот синоќа загуби од Американецот Тејлор Фриц со 0:2, по сетови 6:7 (3:7) и 1:6.

– Ми требаат повеќе натпревари за да играм на високо ниво. Иако добро тренирав, без сомнение е многу подобро да се натпреварувам. Ова е силен турнир и веројатно е тешко да се вратиш откако ќе пропуштиш некое време. На овој турнир сè уште имам шанси. Но, секако, не сум воодушевен од почетокот. Овој прв меч беше многу важен за мене, изјави Надал за „Тенис 365“.

Утре Шпанецот ќе игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим