Кристијано Роналдо има потреба од 4 гола во следните 3 натпревари на Јувентус, за да ја продолжи серијата од минимум 50 погодоци по година. Познатиот КР7 тоа го прави од 2011 наваму.

Тој откако пристигна на стадионот во Торино постигна 11 погодоци во Серија А и 1 во Лигата на шампионите. Засега има дадено 46 голови, од нив 34 како играч на Реал Мадрид и Португалија.

За да продолжи серијата, напаѓачот треба да постигне погодоци против Рома, Аталанта и Сампдорија.

Лионел Меси и Герд Милер се единствените други двајца, кои постигнувале барем 50 гола во две последователни календарски години.

Меси веќе има реализирано 50 гола за Барселона и Аргентина во 2018 година.

Кристијано Роналдо во Јувентус пристигна за 117 милиони евра од Реал Мадрид во текот на летото. Во првите 3 натпревари во „Серија А“ не успеа да постигне гол, но сега веќе е еден од лидерите кај голгетерите во шампионатот со 11 гола, еден помалку од сензацијата на Џенова  напаѓачот Кшиштоф Понтек.