Леброн Џејмс го забележа својот трет „трипл-дабл“ за Лос Анџелес Лејкерс и 76-ти во својата кариера и ги изведе „езерџиите” до победа над Њу Орлеанс 112:104.

Леброн заврши со 22 поени, 12 скока и 14 асистенции, Брендон Инграм додаде 18 поени, откако отсуствуваше во претходните 7 домашни натпревари, а Ражон Рондо се врати на линија со 8 поени и 9 асистенции. Тој не играше во 17 натпревари поради скршена рака.

Ентони Дејвис постигна 30 поени и 20 скокови за гостите, кои губеа со 13 поени во третата четвртина, се доближија на 6 во последната, но сепак не ги загрозија домаќините. Ивица Зубац помогна за триумфот со 16 поени и 11 скокови, додека тимот од Лос Анџелес го подобрија скорот на 19-13.

Резултати од НБА:

Шарлот – Детроит 98:86
Торонто – Кливленд 126:110
Бруклин – Индијана 106:114
Њујорк – Атланта 107:114
Бостон – Милвоки 107:120
Чикаго – Орландо 90:80
Сан Антонио – Минесота 124:98
Портланд – Јута 90:120
Сакраменто – Мемфис 102:99
Л.А.Лејкерс – Њу Орлеанс 112:104