Низа прашања меѓу кои и кога Грција ќе ги ратификува трите меморандуми со Северна Македонија, кога ќе ги промени таблите, дали постои план за промена на имињата на федерациите во соседната земја, но и кога ќе се одржи следниот совет на високо ниво, поставува одговорниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА Јоргос Катругалос,.
Поранешниот шеф на грчката дипломатија во писмената изјава по посетата на Дендиас на Скопје, вели дека министерот за надворешни работи на Грција треба да даде јасни одговори „за да има вистинска вредност било која посета на Северна Македонија или средби со нејзини функционери“.
-Кога ќе се имплементира договорот од јуни 2019 година за промена на учебниците во Северна Македонија, во однос на наводите за Александар Велики? Кој е планот за промена на имињата, особено на спортските федерации во соседната земја? Кога ќе се одржат предвидените средби за трговските ознаки? Кога Грција ќе ги смени таблите за на нив да пишува Северна Македонија? Кога ќе се ратификуваат трите меморандуми? Кога ќе се одржи Советот за соработка на високо ниво за да постојат нови меморандуми и договори?, се прашањата кои Катургалос, отворено ги поставува преку неговата писмена изјава.
Вели дека грчката Влада, „веќе две години, заробена во своите внатрешно – партиски ќорсокаци, одбива да го искористи Договорот од Преспа и да ги промовира стратешките односи со Северна Македонија, оставајќи им простор на националистичките сили од двете земји и слободно поле за Турција“.
-Тажна и контрадикторна е сликата, министерот за надворешни работи да изразува загриженост за одбранбениот договор на повеќе нивоа Турција – Северна Македонија, кога Владата две години не може да ратификува ниту еден технички воен договор, коментира Катругалос
Comments are closed for this post.