Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги коментираше гласините дека Евертон е заинтересиран за него.

– Многу сум среќен во Рома. Не би го менувал овој проект за друг. Дадов збор за овие три години и нема да заминам до крајот на три години. Ова е и мој проект. Чувствувам дека луѓето ми веруваат. Од фудбалска гледна точка, да играм за да завршам меѓу четвртото и осмото место не е она што го сакам. Но, следната сезона ќе бидеме подобри, изјави Мурињо, за „Football Italia“.

По 22 кола во италијанскиот шампионат, Рома освои 35 бода и се наоѓа на седмото место во поредокот