Српскиот ММА борец Дамир Дадо Михајловиќ е избоден на улица во Нови Сад. Несреќата се случила пред кафуле кога Дамир бил избоден од непознат напаѓач.

Од ударите 37годишниот борец се задобил со рани на главата и во двете потколеници. Задржан е во болница поради санирање на повредите и набљудување на состојбата.Се уште не се знае што е причина за нападот но најверојатно се работи за нерасчистени сметки со подземјето.