Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона, е промовиран за нов тренер на мексиканскиот клуб Дорадос Синалоа. Клубот игра во втората лига на Мексико, но во 2004 година, само една година по формирањето, стана најмладиот клуб што некогаш изборил место во највисокиот ранг на мексиканскиот фудбал.
Со ангажманот за Дорадос, Марадона ја продолжува својата тренерска кариера, по двата ангажмана во Обединетите Арапски Емирати, каде што ги предводеше тимовите на Ал Фуџаира и на Ал Васл. Претходно, две години беше и селектор на репрезентацијата на Аргентина, а го тренираше и аргентинскиот клуб Расинг.
Пред ангажманот на Марадона, најзвучно име што било дел од овј скромен мексикански клуб е моменталниот тренер на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, кој мина една сезона во Дорадос, а токму во клубот и ја заврши својата играчка кариера.
Comments are closed for this post.