Францускиот кошаркар, Борис Диао, стави крај на својата играчка кариера. Ваквата одлука, 36-годишниот Диао ја објави на социјалните мрежи со видео во кое во друштво на колегите од репрезентацијата, Тони Паркер и Рони Туриаф, разговара за текот на својата кариера.

Диао е еден од најуспешните француски кошаркари на сите времиња. Тој мина многу години во НБА лигата каде што настапуваше за тимовите на Атланта, Феникс, Шарлот, Сан Антонио и Јута, а во 2004 година со Сан Антонио спарс ја освои и титулата. Последнава сезона, Диао се врати во Франција каде што настапуваше за екипата на Левалоа Метрополитанс, клубот во кој ја заврши и кариерата.

Во текот на играчките денови, Диао беше многу важен член на кошаркарската репрезентација на Франција. Со својата селекција настапи на три светски првенства, два олимписки турнири како и на осум европски шампионати.