Белгискиот играч од средниот ред Маруан Фелаини оди во Кина на постојан трансфер. Манчестер Јунајтед официјално го продаде на Шандонг Лунганг, пренесе официјалната страница на клубот.
Тој пристигна кај „Црвените Ѓаволи” во 2013 година и за пет и пол години запиша 177 натпревари за клубот и 22 гола.
Тој, исто така, освои четири трофеи: ФА Купот, Комјунити шилд, Лига купот и Лига Европа.
Манчестер Јунајтед на Твитер му се заблагодари и му посака се најдобро на играчот во иднина.
Wishing you all the best for the future, @Fellaini. A big thank you for everything at #MUFC!
— Manchester United (@ManUtd) February 1, 2019
Comments are closed for this post.