Синоќа заврши зимскиот преоден рок, според многумина и најдосадниот. Овој јануари клубовите од петте најјаки европски лиги напрвиле вкупно 495 трансфери вредни 649 милиони евра.

Неверојатно, но потрошени се 300 милиони евра помалку отколку минатата зима.

Најскап играч беше Кристијан Пулишиќ, кој уште во првите денови на јануари потпиша за Челзи и до последниот ден од преодниот рок остана најскапиот играч на пазарот. Сините за него платија 64 милиони евра, а во Борусија ќе остане на позајмица до лето.

Најбогатите клубови не се „трошеа“ многу, па некои од најголемите трансфери ги направија Њукасл, Волверхамптон, Лајпциг

Топ 10 трансфери во јануари 2019

1.Кристијан Палушиќ 64 милиони евра (Боруија Дортмунд – Челзи)

2.Леонардо Паредес 40 милиони евра (Зенит – ПСЖ)

3.Лукас Пакуета 35 милиони евра (Фламего – Милан)

4.Кшиштов Пиатек 35 милиони евра (Џенова – Милан)

5.Пако Алкацер 25 милиони евра (Барселона – Боруија Дортмунд)

6.Мигуел Алмирон 24 милиони евра (Аталанта – Њукасл)

7.Доминик Соланке 21,2 милиони евра (Ливерпул – Боурнемоунт)

8.Џони Кастро 20,5 милиони евра (Атлетико Мадрид – Волверхамптон)

9.Амадоу Хаидара 19 милиони евра (Салцбург – Лајпциг)

10.Брахам Диаз 17 милиони евра (Манчестер Сити – Реал Мадрид)

Изминатата зима клубовите со 574 трансфер потрошиле 934 милиони евра а најскап трансфер беше на Кутињо во Барцелона, кој на Ливерпул му платија 135 милиони евра.

Повеќе пари од годинава се потрошени и во јануари 2017, а вкупната вредност од 744 милиони евра се поделени помеѓу 547 трансфери.