Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство што во 2020 година ќе се одигра во 12 градови низ цела Европа.Ждрепката за квалификациите ќе се одржи во Даблин на пладне.

Во квалификацискиот циклус ќе има десет групи, половина од нив со по пет селекции, а половина со по шест. Репрезентациите што ќе ги освојат првото и второто место во својата група обезбедуваат пласман на првенството, а ним ќе им се придружат победниците од баражите во коишто ќе учествуваат победниците од секоја од четирите групи во Лигата на нации, меѓи кои се наоѓа и Македонија.

Нашата селекција се наоѓа во петтиот шешир, заедно со репрезентациите на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Молдавија и Фарските Острови. Со овие селекции не може да се најдеме во иста група.