Додека ги читав  весниците, дознав дека има шанси да биде депортиран. Не го ибркајте, тој е тенисер, не е политичар, не е криминалец. Тој е само тенисер, најдобар на светот, нека игра и нека покаже што знае, изјави Дијана Ѓоковиќ.

Веројатно не знаел дека има корона вирус, кога сфатил дека е позитивен отишол во изолација. Навистина не можам да кажам ништо за тоа, можеби е најдобро да го прашам за тоа – изјави Дијана Ѓоковиќ за австралиските медиуми.

Судот му ја врати визата, но се уште ништо не е готово. Се уште постои можност Австралија да го депортира. За тоа одлучува министерот за имиграција.