Македонскиот клупски фудбал ги живее најцрните денови. Единствената светла точка-екипата на Шкендија е елиминирана а претходно испаднаа и Силекс и Вардар.

Maкедонија сега е во друштво со екипи од Црна Гора, Лихтенштајн, Сан Марино, Малта , Молдавија, Велс…

Веќе не треба да им се смееме на косовски екипи бидејќи Дрита е во плејофот во Конференциската лига, а таму е и Интер, но не од Италија туку од Андора. Да, од Андора.

Албанија за нас е сила во клупскиот фудбал.Имаат два преставника во европските купови. Игнатиа во Европската лига и Динамо во Конференциската лига.