Еден од најдобрите голмани во историјата на холандскиот фудбал Едвин ван дер Сар холандск(52) моментно е на преглед на главата во КБЦ Сплит, на одделот за интензивна нега.

Хрватските медиуми пренесуваат дека таму Ван дер Сар е примен по мозочно крварење и дека е задржан на опсервација. Тој пристигна во болницата придружуван од сопругата Анемари.

Засега не е познато дали Ван дер Сар пристигнал во болница по повреда на главата илииоткако му се слошило, но познато е дека по силни главоболки и одредени невролошки нарушувања со хеликоптер бил префрлен од Хвар во КБЦ Сплит. Наскоро треба да се утврди што точно доведе до здравствените проблеми.

Веста ја потврди и холандскиот фудбалски клуб Ајакс на Твитер. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат од клубот