Фудбалскиот клуб Реал Мадрид, после многуте шпекулации и неизвесност, и официјално го отпушти досегашниот тренер Жулиен Лопетиги.

Управниот одбор на Реал Мадрид се состана и заеднички одлучи дека најдобро за клубот е Лопетеги да биде отпуштен. Сантијаго Солари го презема првиот тим додека не биде назначен постојан менаџер.

Мадриѓаните одлуката ја донесоа по очајните резултати на екипата, но и играта, а веднаш по Ел Класико, во кој Барселона го декласираше својот лут ривал со 5:1.

Оваа одлука е донесена со најголема можна одговорност и има за цел да ја смени динамиката во првиот тим додека се уште целите во оваа сезона може да бидат постигнати, се наведува во соопштението на Реал.

Реал, на крајот му се заблагодари на Лопетеги и неговиот тим за трудот кој го вложи во месеците поминати во Мадрид. Раководството на клубот има рок од 14 дена, во кои ќе го објави името на новиот тренер. Во спротивно, на клубот може да му биде изречена санкција.