Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт вориорс, на дуелот против Чикаго булс покажаа зошто се апсолутен фаворит да ја одбранат титулата. „Воините“ славеа со 149-124 во вечер во која поставија неколку индивидуални и тимски шутерски рекорди.

Особено се истакна Клеј Томсон, кој постигна неверојатни 52 поени за само 26 минути. За  да дојде до тие бројки, Томсон погоди 14 тројки со што постави нов рекорд, притоа за еден подобрувајќи го претходниот рекорд што го држеше неговиот соиграч Стеф Кари, кој активно се трудеше Томсон да дојде до нов рекорд. Истовремено, Томсон постави и рекорд за најмногу тројки во прво полувреме со 10, но и го изедначи рекордот за тројки во кое било полувреме.

До нов рекорд дојдоа и сите кошаркари на Голден Стејт заедно, постигнувајќи 17 тројки во првото полувреме, најмногу во историјата. Тоа резултира со 92 поени постигнати во првиот дел, што е најмногу во клупската историја. Вкупно мечот го завршија со 24 тројки, што е најмногу во клупската историја, но е за една тројка послабо од најдобриот ефект во историјата.

Резултати од синоќешните натпревари:

Чикаго – Голден Стејт  124-149

Филаделфија – Атланта  113-92

Милвоки – Торонто  124-109

Минесота – ЛА Лејкерс  124-120

Денвер – Њу Орлеанс  116-111

Индијана – Портланд  93-103

Сан Антоно – Далас  113-108

Њујорк – Бруклин  115-96

Мајами – Сакраменто  113-123