Репрезентацијата на Косово е најпријатното изненадување во квалификациите за Европското првенство. По три одиграни кола нашиот сосед е во игра за првото место со репрезентациите на Англија и Чешка.

Дека Косово  не се шегува покажаа најнапред со бодот против Црна Гора во  Подгорица но и синоќа кога ја победија Бугарија среде Софија.

Косово е наш ривал во баражот за Лигата на нации но лесно може да се случи да не играме еден против друг доколку дојдат до второто место во групата и директнен пласман на Европското првенство 2020 година.