Македонската репрезентација доживеа нов, убедлив пораз на домашен терен, овој пат од Австрија( 1-4).

Просечната репрезентација на Австрија постојано беше во офанзива најмногу преку ѕвездата на Вест Хем, Арнаутовиќ. Македонија добро почна но по водството целосно застанавме и ја препуштивме иницијативата на гостите.

Задната линија не функционираше и се што успеавме да сториме беше шансата на Пандев и пречката на Несторовски. Со овој пораз Македонија е на претпоследното место во групата и речиси ги загуби сите шанси.

Можноста за пласман на Европското првенство ќе ја бараме преку Лигата на нации.