Американскиот селектор Грег Поповиќ зборуваше за изјавата на Саша Ѓорѓевиќ дека доколку Американците се сретнат со Србија на СП 2019 година, тогаш ќе треба „Бог да им помогне“.

Седумдесет-годишниот тренер го пофали Ѓорѓевиќ, но рече дека генерално не бил импресиониран од ваквите зборови.

Да бидам искрен, јас не обрнувам внимание на таквите работи. Премногу долго се занимавам со ова. Луѓето зборуваат, но јас не одговарам. Сепак, ќе кажам дека Саша е неверојатен тренер. Тој беше херој во Европа како играч, тој беше едноставно фантастичен, а Србите имаат традиции што ги обврзуваат да се претставуваат успешно, рече Поповиќ, чија мајка е Србинка, а татко му е Хрват.

Тренерот на Сан Антонио ќе го направи своето деби за САД на голем собир на Светското во Кина подоцна овој месец.