Хари Кејн ја расплака Англија со пеналот со кој  ја испрати топката над голот.Најстрогата  казна се случи откако Ернандез го собори Маунт, а судијата го консултираше ВАР, дури и самиот го гледаше видеото и го досуди пеналот.

Претходно Жири постигна гол со  перфектен центаршут на Гризман.Во 17. минута видовме ефектен удар на Чуамени.Топката му ја испрати Гризман, а играчот од средниот ред ја испрати зад Џордан Пикфорд од самото место.

Со овој пораз од 1-2 Англија си оди дома а Франција ќе игра полуфинале со Мароко.