Португалија го напушта Катар пред големото финале на Мундијалот. Вечерва загуби од Мароко со 0-1 во четвртфиналето, а селекторот Фернандо Сантош кажа дека е разочаран со неуспехот.

Сантош смета дека неговите фудбалери не создале доволно шанси и затоа не успеале да најдат начин како да го скршат Мароко.

„Ни беше потребно многу време за да влеземе во натпреварот. Фудбалерите покажаа желби, но не може да победиш ако не создаваш шанси. Игравме лошо во одбраната на стартот, а потоа не создадовме доволно шанси за гол“, вели Сантош.

Сантос не беше задоволен од играта на својата репрезентација, призна дека Мароканците играле трпеливо и дисциплинирано и заслужено напредувале.

Тој додаде дека ќе анализира додека не се изладат главите, а потоа дојде и прашањето за Кристијано Роналдо.

Роналдо влезе во игра во вториот дел, а по мечот во солзи отиде во соблекувалната.

Насобраните новинари имаа едно јасно прашање до Сантос.

Дали ви е жал за Роналдо и дали ви е жал што не го ставивте Кристијан во првиот тим“, прашаа новинарите, а потоа стигна и одговорот кој ќе биде дополнителен „шамар“ за Роналдо.

„Не“, кратко одговори Сантос и остана на својата позиција.

Неговата свршеница Георгина Родригез која „распука“ по португалскиот селектор, Фернандо Сантош.

„Денеска твојот пријател и тренер донесе лоша одлука. Тој пријател за кој имаш прекрасни зборови и почит направи грешка. Човекот кој забележа дека сè се смени откако ти влезе во игра, но беше доцна. Не можеш да го потцениш најдобриот во свет. Животот ни држи лекции. Денеска загубивме, но научивме нешто“, напиша Георгина.