Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас во јануарскиот трансфер ќе замине од „Сантијаго Бернабеу”, објавија шпанските медиуми.

Според нивни пишувања, 31-годишниот Костариканец не е задоволен од статусот втор голман, по пристигнувањето на Тибо Куртоа, и сака да замине во еден од клубовите во англиската Премиер лига. 

Реал Мадрид е подготвен да го пушти својот втор голман. „Трансфермаркт” го проценува на 18 милиони евра.

Навас е дел од Реал Мадрид од 2014 година, со клубот тој го освои шампионатот во Шпанија и три пати стана победник на Лигата на шампионите.

Во тековната сезона, Навас беше на голот на Реал осум натпревари и прими осум голови.