Македонскиот шампион Вардар на натпреварот во Ниш го победи Железничар со 24:22 во 11. коло од СЕХА-лигата. За „црвено-црните” ова беше деветта победа во регионалното ракометно натпреварување по што се врати на челната позиција на табелата.

До трите бод Вардар стигна по неизвесен финиш. Домаќините во последната минута не реализираа напад за израмнување. Избраниците на тренерот Роберто Парондо можеа мечот да го решат порано, бидејќи имаа предност од четири разлика на дваесетина минути пред крајот но му дозволија на противникот резултатски приклучок.

Вардар е прв со 27 бода, пред Татран Прешов и Загреб со по 24 бода.

Вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Металург својот дуел од 11. рунда ќе го има утре против Мешков Брест од Белорусија.