Јуни, топло лето 1992 година, војните во Хрватска и Босна се разгоруваат. Една репрезентација, како никогаш сплотена чека абер од Нион, но и од Њујорк дали ќе и дозволат да игра на Европското првенство во Шведска.
Она што го заработи на квалификациите како една од најуспешните не и се дозволува да го покаже на терените.Причина-ембаргото кон тогашна Југославија. И на неколку дена пред стартот на првенството стигна аберот да се пакуваат за назад и оти политиката е поважна од фудбалот-навистина тажно.
Таа репрезентација во која главни играчи беа нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски беше главен фаворит за европската титула. Kаков тим беше тоа со Дејан Савичевиќ, Синиша Михајловиќ, Југовиќ, , Пикси, Мијатовиќ….
Но, сега УЕФА е на друга мака, кој да дојде на местото на Југославија.Изборот падна на Данска која беше во истата квалификациска група со „сините“. Данските играчи ги собирале буквално од одмор биидејќи не им било ни на крај на памет дека ќе играат на ЕП.
Данска воа тоа време имаше добра репрезентација предводена од браќата Лаудруп и голманот Шмајхел. И како во најлудите соништа, меч по меч дојдоа до финалето во кое ја совладаа Германја.
И чуда се случуваат зарем не?
Comments are closed for this post.