Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија за Денвер постигнувајќи 18 поени, 10 асистенции и 14 скока во триумфот над Лос Анџелес клиперс.

За српскиот центар ова беше 21 трипл-дабл учинок во кариерата со што се изедначи со легендарниот Карим Абдул Џабар.

Пред Јокиќ и Џабар, на вечната листата на центри во НБА-лигата со најмногу остварени трипл-дабл ефекти е само Вилт Џембрлен со 78 трипл-дабли.

Резултати од синоќешните натпреварите во НБА лигата

Денвер – ЛА клиперс  121-100

Мајами – Бостон  115-99

Сан Антонио – Оклахома сити  154-147 (2 прод.)

Сакраменто – Детроит  112-102