Македонската ракометна репрезентација во 15 и 30 часот го игра првиот натпревар од Светското првенство. Противник ни е Јапонија, селекција против која не би смееле да имаме проблеми. Македонија не знае за пораз на отворање на шампионат па очекуваме така да биде и денеска.

Македонија на ова првенство има комбиниран тим од млади и искусни ракометари. Очекуваме добар пласман кој може да ни обезбеди квалификации за Олимписките игри.