Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, одлучи со кои 16 ракометари ќе настапи на првиот натпревар на Светското првенство против Јапонија. Дуелот за првите бодови на Мундијалот го играме попладнево со почеток од 15.30 часот.

За оваа средба слекторот Гонзалес ќе смета на: Борко Рисовски, Никола Митревски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марио Танкоски и Филип Чурлевски

Шанса за настап на некој од останатите натпревари на Мундијалот ќе чекаат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски.