Oние што следат тенис сигурно се сеќаваат на Јелена Докиќ, своевремено четврта тенисерка на светот.

Пред неа беше блескава кариера но проблемите во приватниот живот си го направија своето па таа имаше пад во кариерата. Австралијанката со хрватско потекло имаше проблеми со својот татко Дамир кого го обвини за малтретирање.

Јелена потоа западна во психолошка криза а спасот го наоѓала во храната. Кога се погледнала во огледало, си рекла дека е доста.

Спасот го наоѓав во храната, бев несреќна и без самодовреба. Не сакав да излегувам од дома. Одеднаш решив да се ставам на специјален режим и полека се враќав во форма – вели тенисерката.

Од 120 килограми, за четири месеци Јелена дошла до 80.Сега сака да да ја врати првобитната килажа од 66 килограми.