Хрватска по втор пат во својата историја трето место на светско првенство.По 1998 во Франција и во 2022 во Катар „коцкестите“ се бронзени. Со ова Далиќ го надмина легендарниот Чиро Блажевиќ.

Хрватска победи со 2-1 против Мароко во натпреварот за третото место на Светското првенство во Катар.

Водство од 2-1 за Хрватите донесе Мислав Оршиќ со одличен гол во 42. минута а пак поведе уште во седмата минута преку дефанзивецот Јошко Гвардиол. Само две минути подоцна Мароканците изедначија преку Дари но не успеаја да го задржат водството.