Хрватска нема да игра по вторпат во финале на Светско првенство. Вечерва Аргентина беше пресилна но во тоа им помогна бледата игра на хрватските играчи( 3-0).

Победникот беше решен уште во првото полувреме кога Меси од пенал и Aлварез го совладаа Ливаковиќ. Но тоа не беше грешка на голманот на „Коцкестите“ туку по грешки на Ловрен и на Соса.

Во второто полувреме Аргентинците изиграа рутински и Алварез даде уште еден гол.

Сепак ова е голем успех на Хрватите кои ќе играат за третото место со поразениот од утрешниот меч помеѓу Франција и Мароко.