Ракометарите на Еурофарм Пелистер не ја искористија предноста на домашниот терен и ремизираа со шпанскиот претставник во ЕХФ ракометната лига играјќи 29:29.

Битолчани во последниот натпревар од овој дел на сезоната водеа рамноправна игра, првото полувреме го завршија со минимална предност (17:16), а во вториот дел „бркаа“ негатива која на крајот успеаја да ја достигнат за поделба на бодовите.

Статистички, во домашниот тим најмногу се истакна интернационалецот Хосни кој постигна 8 голови, а веднаш за него со 7 постигнати голови се истакна македонскиот репрезентативец Танкоски. Кај гостите од Шпанија силите беа подеднакво распределени, а тимската игра им овозможи успешно гостување на теренот во Битола и бод во бодовното салдо.

Натреварите од ракометната ЕХФ Лига продолжуваат во февруари 2023 година