Кошаркарската репрезентација на САД на Светското првенство во Кина ќе настапи без Пи Џеј Такер.

Тој го повредил скочниот зглоб и иако повредата е блага не би сакал да ризикува посериозна повреда пред почетокот на новата НБА сезона.

„Тешко е да си повреден во ваква ситуација. За мене тимот на САД е голема работа, но од друга страна доаѓа НБА сезоната… Тешко ми е бидејќи сакав да играм, сепак, колку и да сакам и колку и да ме боли откажувањето, пред мене е значајна сезона со Рокетси“, изјави 34 годишниот Такер.

Тој минатата година имаше просек од 7,3 поени, 5,8 скокови и 1,6 украдени топки и не пропушти ниеден натпревар во сезоната.

Грег Поповиќ, доколку нема нови откажувања, ќе нема да може да се потпре на уште двајца пред Мундобаскетот кој се игра од 31 август до 15 септември.