Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерс турнирот во Мајами, откако со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-2 го совлада Бернард Томиќ од Австралија. Српскиот тенисер имаше проблем само во првиот сет, веќе во следниот влезе во вистински ритам и го урна противникот за 76. минути игра. Во третото коло за противник ќе го има Федерик Делбонис.

Немам очекувања, само сакам да работам на себе, да дојдам во најдобрата форма. Се обидувам да го достигнав нивото од Австралијан Опен, доколку играм исто, имам големи шанси да направам добар резултат во Мајами“, рече по мечот Новак.

Шампионот од „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс и трети во шемата, Доминик Тим (Австрија) отпадна во вториот круг по поразот од 22-годишниот Хуберт Хуркач (Полска) со 4:6, 4:6. Полјакот направи два брејка во двата сета за да се поздрави со успехот.

Број 5 во шемата, Кеј Нишикори (Јапонија) исто така го напушти турнирот. Тој претрпе пораз од Душан Лајовиќ (Србија) со 6;2, 2:6, 3:6. Во третиот круг Лајовиќ ќе игра против Ник Кириос (Австралија), кој оствари триумф над квалификантот Александар Бублик (Казахстан) со 7:5, 6:3.

Французинот Гаел Монфис откажа учество поради повреда на ахиловата тетива.