Алексис Санчез е најскапиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед. Тој добива плата од 350.000 фунти неделно, а може и да достигне и 500.000 со активација на бонусите.

Англискиот весник „Мирор“ откри колку плата добива секој играч од првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Во најлоша позиција, како што би можело да се претпостави, е третиот голман Ли Грант. Трансферот на 36-годишниот ветеран минатото лето беше изненадувачки дури и за неутралниот навивач, а ветеранот добива само 20.000 фунти неделно.

Целосна листа на плати во Јунајтед од највисока до најниска:

Алексис Санчез – 350.000 фунти неделно (до 500.000 фунти кога бонусите се активираат)

Пол Погба – 290 илјади фунти неделно

Антони Марсијал – 250.000 фунти неделно (неодамна потпиша нов договор)

Давид де Хеа – 200.000 фунти неделно

Ромелу Лукаку – 200.000 фунти неделно

Лук Шо – 195 илјади фунти неделно

Хуан Мата – 140.000 фунти неделно

Фил Џонс – 120.000 фунти неделно

Фред – 120.000 фунти неделно

Немања Матиќ – 120.000 фунти неделно

Ешли Јанг – 110.000 фунти неделно

Џеси Лингард – 100.000 фунти неделно

Антонио Валенсија – 100 илјади фунти неделно

Маркос Рохо – 80.000 фунти неделно

Крис Смолинг – 80.000 фунти неделно

Ерик Баји – 75 илјади фунти неделно

Виктор Линделфо – 75 илјади фунти неделно

Андер Ерера – 75.000 фунти неделно (преговара за нов договор, клубот нуди 100.000 фунти неделна плата)

Матео Дармијан – 60 илјади фунти неделно

Серхио Ромеро – 50.000 фунти неделно

Диего Далот – 50.000 фунти неделно

Маркус Рашфорд – 45.000 фунти неделно (преговорите се течат, со предлогот на Јунајтед од 150.000 фунти неделно)

Скот Мектомини – 30.000 фунти неделно

Ли Грант – 20.000 фунти неделно