Откако освои седум рекордни пехари во Мелбурн и стигна до 15-тата гренд слем тиутла, најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ посведочи за амбициите да го стигне рекордот на Роџер Федерер.

Ако продолжам да играм и да победувам, логично е да го преземам водството. Се чувствувам благословен што ги освоив овие 15. Знам дека пред мене има уште двајца, но сѐ уште имам време и не се брзам. Се чувствувам млад, свеж и во форма. Не мислам дека возраста може да биде ограничување. Колку подолго минува, толку подобар сум, изјави Ѓоковиќ .

Во моментов, пред Ѓоковиќ по број на трофеи од „големата четворка” се само Рафаел Надал со 17 и Роџер Федерер со 20 гренд слем титули.