Претставниците на најголемите клубови во Европа ќе се сретнат со лидерите на УЕФА за да разговараат за можните промени во форматот на Лигата на шампионите.

Состанокот, кој ќе се одржи во Нион, ќе биде неофицијален.

Се претпоставува дека клубовите сакаат да наметнат нов модел, кој ќе вклучува создавање на супергрупи, во кои ќе има тимови кои ќе отпаѓаат и такви, кои ќе се борат за промоција. Ова дополнително ќе го ограничи пристапот на малите клубови до најпрестижниот клупски турнир во Европа.

Исто така, ќе се дискутира за можниот пренос на натпревари од турнирот за време на викендот, како и за спроведување на финалињата на стадиони, надвор од Европа. Ова дополнително ќе ги зголеми приходите на големите тимови од ТВ-права.

Сите овие промени може да се воведат едвај по 2024 година, бидејќи постои согласност дека до тогаш форматот на Лигата на шампионите не може да се менува.