Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, упати порака до Огнен Врањеш откако го изостави од националниот тим.

Популарниот Роби уште еднаш повтори дека нема да го повика Огнен поради неговото непристојно однесување и аферите во приватниот живот.

Огнен моментално е без клуб плус сите тие афери кои не ги измислив јас. Додека играше за националниот тим го даваше својот максимум и поради сево ова ми е жал. Јас не го избркав туку самиот себеси – истакна Просинечки.