Репрезентацијата на Шпанија целосно ја демолира Хрватска, славејќи со 6:0 во дуел одигран во рамки на Лигата на нации.

Дебаклот на „коцкестите“ го најави Саул Њигез со гол во 24 минута, а до крајот на полувремето, Марко Асенсио со два удара од далечина, во 33. и во 35. минута зголеми на 3:0.

Шпанскиот фестивал на голови продолжи непосредно по стартот на вториот дел, односно во 49 минута кога хрватската мрежа ја затресе Родриго Морено, а до крајот погодија и Серхио Рамос во 57. и Иско во 70. минута.


Со ваквиот настап на средбата одиграна во Елче, Шпанците покажаа дека назначувањето на новиот селектор, Луис Енрике е вистински потег и во само три дена славеше против две репрезентации што завршија меѓу првите четири на штотуку завршеното Светско првенство во Русија.

Триумфот над второпласираната Хрватска, доаѓа само три дена по победата на гости кај Англија, којашто Мундијалот го заврши како четврта.