ПСЖ се вмеша во борбата за потписот на талентираниот фудбалер на Ајакс, Френки де Јонг.

Парижаните веќе дале солидна понуда за 21-годишниот играч во износ од 80 милиони евра, која одговара на барањата на холандскиот клуб, пренесоа француските медиуми.

Интерес за Де Јонг исто така покажува и Барселона и Манчестер Сити.

Се верува дека англискиот клуб е подготвен да наддава и да понуди слична сума на Ајакс за холандскиот репрезентативец. Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече и со можноста да работи со шпанскиот стратег и еден од најдобрите тренери во светот – Пеп Гвардиола.

Барселона пак ќе се обиде да го убеди младиот играч дека трансферот на „Камп Ноу” би бил најдобар за него од спортска гледана точка.

Неодамна имаше тврдења дека Реал Мадрид исто подготвува понуда за Де Јонг, што ќе биде објвена во јануари.