Жестоки тепачки имало синоќа во Атина меѓу групи хулигани-навивачи на грчки АЕК поддржани од навивачите на ПАО, од една и хулигани од холандски Ајакс и на полска Висла од Краков.

Хулиганите слободно се шетале по улиците држејќи во рацете палки, пиротехника, ножеви и искршени шишиња. Медиумите пренесуваат дека во тепачката учествувале околу 150 хулигани.

Немало полициска интеревнција врз хулиганите, ниту, пак, некој од групите е привден. Мечот инаку се игра вечерва, а инцидентите се случиле вчера по тренингот на холандски Ајакс.