Македонската фудбалска репрезентација вечерва со жрепка во Париз ги дозна противниците во групната фаза во Ц дивизијата на Лигата на нации.
Жрепката одлучи македонската репрезентација да биде дел од групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија.
Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември.
Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.
Comments are closed for this post.