Собранието денеска во рамки на 140. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара тој да биде повлечен, но владејачкото мнозинство не го изгласа предлогот.

Пратеникот Александар Николовски рече дека постојат огромни сомнежи за криминал во лотарија, европското знаменце е злоупотребено, а спорни се и доделувањето четири лиценци за игри на среќа.

Да поедноставам на телефон да можат децата да се обложуваат или да се коцкаат, рече Николовски додавајќи дека на законот е потпишан министерот Артан Груби потсетувајќи дека законот не може да важи ретроактивно.