Македонската одбојкарска репрезентација дочека да игра на Европско првенство. Со победата од 3-0 против Унгарија наесен ќе биде во друштво на најдобрите европски репрезентации.

По еден неуспешен обид против Чешка и успешните настапи во Европската лига, среќата конечно им се насмевна на нашите одбојкари и тоа на домашен терен под Кале. Публиката цело време навиваше а на крајот заедно ја запеаја „Бисер балкански“.

По кошаркарите, ракометарите, младите фудбалери и одбојкарите ќе почустуваат како е да се биде дел од европски шампионат. Секоја чест, заслужија да се радуваат.